Иако помина долго време од првото појавување на Коронавирусот опасноста за жал се уште не е помината, луѓето се принудени повеќе време да поминуваат во своите домови, а поради досада многумина имаат навика и да испијаат и повеќе чашки алкохол.
Имено, поради околностите многу брзо се стекнува навика за секојдневно конзумирање алкохол. Колку тоа може да се одрази врз организмот и имунитетот, зависи од неколку фактори. А, еве и колку им е дозволено на мажите и жените да конзумираат алкохол, а тоа да не се одрази негативно врз здравјето.
Кога станува збор за мажите, стручните лица препорачуваат помалку од четири пијалоци во текот на денот.
А причината за оваа бројка е тоа што ако сте маж и пиете четири пијалоци или помалку на ден, тоа нема да се одрази врз организмот. Но ако пак пиете по четири чаши алкохол секој ден, во тој случај ќе испиете околу 28 пијалоци на неделно ниво, а оваа бројка не е воопшто добро за вашето здравје.
За жените е нешто помалку односно најмногу три чаши алкохол.
Тоа е така затоа што истражувањето покажало дека жените многу повеќе се подложни на алкохолот отколку мажите. Жените исто така не смеам да пијаат повеќе од седум чаши неделно.
Наведените броеви се однесуваат на намалување на ризикот, но тоа не значи дека е препорачливо и толку да се пие, баш напротив. Од аспект дали и колку да пиете многу се важни годините, здрвјето и некои други околности поради кои не би требало да пиете.