Овој ден се прославувал полни шест децении од Вардар до Триглав, бил еден од најголемите празници во СФРЈ. Празникот се одбележувал со неработни денови, свечени академии во сите главни градови, со почесни плотуни, во училиштата приредби, а првачињата на овој ден станувале Титови пионери. Во училиштата полагале заклетва и секој пионер добивал сина капа “титовка” црвена марама и црвена пионнерска книшка.
Свечената пионерска заклетва
Денес, кога станувам пионер
давам чесен пионерски збор
дека вредно ќе учам и работа
и ќе бидам верен и добар другар….
На денешен ден пред 78 годин во Јајце е одржано второто заседание на антифашистичкото собрание за народно ослободување на Југославија(АВНОЈ),на кое е донесена одлука за федерално здружување на идната држава и на тој начин е поставен темелот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
Со одлука усвоена во Јајце формирани се државните органи на новата Југославија,а на кралското семејство му било забрането враќањето во неа.
На Второто заседание на АВНОЈ одлучено е државата да се гради на демократски принцип, како државна заедница на рамноправни народи и народности. Јосип Броз Тито е прогласен за маршал на Југославија.
Со распаѓањто на Југославија овој празник официјално продолжил да се одбележува во Сојузна република Југославија се до ноември2002 година кога е укинат.