Српскиот политичар, почесен председател на СПС и пратеник Милутин Мркоњич(79) почина вчера во Белград во Институтот за кардиоваскуларни болести “Дедиње” каде докторите со денови се бореле за неговиот живот.

Мркоњич ќе биде запамтен освен по неговиот политички ангажман и по врската со пеачката Ана Бекута, со која поминаа девет години и ја сакаше до последниот ден. Мркоњич и Ана својата љубовна романса ја започнале на денот на вљубените во 2012год. Ана која што мислела дека љубовта никогаш неа нема да и се деси, а најмалку дека токму он ќе и го украде срцето.

Тие за својата љубов со задоволство зборуваа за медиумите, неретко гостувааа во емисии прегрнати. Бекута не криеше дека во врската единствено што и смета е тоа што многу касно се сретнале и што неможе да има дете со Мрка. Многу ѓи сметаа за најскладен и најубав пар на јавната сцена.

Ана Бекута се обрати преку Инстаграм профилот и со зборовите на нејзината песна се прости од својот сакан Милутин Мркоњич.

Ана објавила заедничка слика со Мркоњич на која се прегрнуваат и му ѓи посветила стиховите од својата песна “Треба време”.

Секој ден од нашата љубов се два дена сеќавање, напишала Ана со објавата.

By Author