Македонската фудбалска репрезентација имаше совршен старт на клучниот квалификацијски меч против Исланд во Скопје. Натпреварот го отвори Алиоски со гол во седмата минута, и така се отиде на полувреме. Невниманието на нашата одбрана го искористија исланѓаните и во 54 минута следуваше непријатното израмнување. Македонија водството го врати во 65 минута со голот на Елмас, а заверка на победата ја потврди повторно Елиф Елмас во 87 минута.
Момците на Благоја Милевски знаеа дека мораат да одат на победа за да го обезбедат пласманот во баражот за светското првенство.