Калинката се вбројува во најздравите овошја на земјата. Многу студии покажале дека калинќите имаат воодушевувачки ефект на нашето здравје и може да го намалат ризикот од многу болести.

Кај многу народи токму калинката се сметала за симбол на плодност и домашна среќа. Древните Еѓипјани биле погребувани со ова овошје бидејќи верувале дека тоа симболизира надеж и нов живот, а на многу икони се забележува како Девица Марија и бебето Исус во рака држат калинка.

Плодот на калинката претставува вистинска витаминска бомба на вредни биоактивни состојќи кој ублажуваат многу здравствени нарушувања и болести. Антиоксидансот од калинката е три пати помоќен од антиоксидантите во зелениот чај и гроздовиот сок. Има анти воспалителни ефекти и штити од хронични воспаленија, срцеви болести, дијабетис тип2, дебелина. Може да помогне во борбата против ракот, лабараторискуте истражувања покажале дека екстрат од калинка може да го успори растот на малигните клетки, и да предизвика нивна смрт. Одлична е во борбата со бактериските и габичните инфекции и може да ги намали воспаленијата кои се локализирани во усната празнина. Може да ја подобри меморијата, а некој студии сугерираат дека може да помогне во заштита од Алцхајмерова болест.

Во нашиве простори многу одамна се познати благодетите од калинката,па така таа е често употребувана, но не само семето, се користи и обвивката на плодот во облик на чај како многу моќен лек против дијареа.

By Author