Пандемијата ковид-19 многу влијаеше на менталното здравје на луѓето. Посебно погодени се луѓето во првите линии, учениците, самците и оние кои што веќе имале ментални проблрми – соопштува светската здраствена организација (СЗО).

Скоро 1милијарда луѓе имаат ментални проблеми, а најчест облик е депресијата од која што према проценките на СЗО пати дури 5% од светското население, а тоа може да биде ској. “Еден од 100 смртни случаеви е самоубиство. Тоа е четврта најчеста причина за смрт на луѓе од 15 – 29години” наведува СЗО. Организацијата предупредува дека сеуште е голем расчекорот помеѓу потребата од услуга за заштита на менталното здравје и понудат, и дека тоа е резултат на повеќе децениското недоволно вложување во промовирање на менталното здравје, превенција и нега.

СЗО напомнува дека најчести облици на нарушување на менталното здравје се депресија и анксиозност кои може да се лечат по пат на терапија со разговор, лекови или комбинација од двете.

By Author