Низ Европската унија, во четвртокот стапи на сила правило дека секој што влегува или излегува од ЕУ мора да пополни декларација за готовина, доколку има 10.000 евра или повеќе во таа валута или еквивалент во други валути, како и други средства за плаќање. како што се патнички чекови или меници, но и злато.
Ништо не е променето во износот, сепак може да префрлите до 10.000 евра во готово, но доколку имате повеќе од тоа, од вчера треба да ја пополните изјавата за потекло на тие пари.
Комисијата наведува дека царинските службеници на влезовите во ЕУ имаат право да ги проверуваат патниците, нивниот багаж и превозните средства. Тие исто така имаат право да запленат пари кои не се пријавени.
Дефиницијата за готовина ќе се прошири и вклучува чекови, монети со најмалку 90 проценти злато, златни прачки и слични артикли. Доколку царинските службеници оправдано се сомневаат дека парите се поврзани со криминална активност, ќе можат да одземат пари во износ помал од 10.000 евра.
Декларациите за готовина ќе се чуваат дури пет години со цел да се следи колку готовина влегува и излегува од Унијата. Новото правило на Унијата веќе стана дел од хрватскиот законодавен систем на 7 мај годинава, кога беше изгласано.