Уште еден пациент ќе дпбие срце а бубрези ќе бидат трансплатирани на двајца пациенти објави министерпт Филипче на својот фејсбук профил во пост во кој информираше за третата трансплатација на срце во земјава која се врши утрово со почеток од 6:33 часот додека на двајца пациенти ќе им се трансплатираат бубрези од истиот мртов донор.

„Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев,д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот. На тимовите лекари кои ќе ги вршат трансплантациите им посакувам многу успех. Да им држиме среќа“, напиша Филипче на Фејсбук.

By Author