Во текот на вчерашниот ден (29.05.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 687 возачи. Од нив, 124 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово-114, а потоа на територија на СВР Куманово -101, на територија на СВР Штип-98…

На 29.05.2021 околу 15.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.И.(45) од Охрид. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена содветна пријава.

Во периодот од 22:20 часот на 29.05.2021 до 01:00 часот на 30.05.2021, полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во с.Горно Седларце, општина Боговиње, сопственост на А.А.(30) од с.Боговиње. При контролата, во објектот биле затекнати 35 лица – гости и 18 женски лица кои ги забавувале гостите(14 странски државјанки и четири македонски државјанки). За 11 странски државјанки(осум од Албанија, две од Косово и една од Украина) било констатирано дека го злоупотребиле туристичкиот престој. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Во СВР Тетово бил извршен разговор со сопственикот и ќе следува соодветна пријава. Од ДПИ, исто така, ќе бидат преземени мерки по член 206 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции, шест за возење без возачка дозвола, десет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.Изречени се три санкции за користење мобилен телефон, 27 санкции за непрописно паркирање и три санкции за минување на црвено светло.

На 29.05.2021 во 15.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосница од ул.„Охридска“ и ул.„Раштани“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.П.(32) од Кавадарци и велосипед управуван од малолетник од Кавадарци. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

На 29.05.2021 околу 15.00 часот во Полициската станица Чаир, С.И.(47) од Скопје пријавил дека на ул.„Скоевска“ бил каснат од куче скитник.На 29.05.2021 во 23.45 часот во Полициската станица Неготино, М.Т.(18) од Неготино пријавил дека околу 22.50 часот, додека со Т.К. од село Тимјаник биле во угостителски објект во Неготино, едно лице, кое било на друга маса, фрлило шише и им нанел повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.05.2021 во 15.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Н.(47) од с.Ракотинци, скопско, затоа што во 13.45 часот во с.Ракотинци физички го нападнал С.Т.(65) од истото село. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 29.05.2021 околу 10.13 часот во СВР Скопје, А.С.(36) од с.Визбегово, скопско, пријавил дека околу 10.10 часот во неговиот двор, по расправија, бил физички нападнат од С.Ѓ.(34) и А.Ѓ.(36) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

На 30.05.2021 околу 01.30 часот во СВР Скопје, Х.Б.(45) од Скопје пријавила дека на 29.05.2021 околу 18.00 часот во угостителски објект на бул.„Александар Македонски“ Ф.Н. физички ја нападнал и и одзел пари и предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.05.2021 во 17.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во сопствениот стан на ул.„Илинденска сага“ бил пронајден починат И.И.(47). Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од итна медицинска помош, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 29.05.2021 во 20.30 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Б.С.(43) затоа што во 17.20 часот во трафика на место викано „Берза“ во Кичево со остар предмет го повредил вработениот и одзел цигари. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.05.2021 околу 23.10 часот во СВР Битола било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Цане Василев“ во Битола едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.05.2021 во 14.15 часот на Граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен С.М.(41) од Србија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека престојувал незаконски и непријавено во РСМ. Тој бил приведен и предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 29.05.2021 во 15.40 часот во СВР Битола, Л.З.(48) од Битола пријавила дека К.С.(22) од Битола физички ја нападнал нејзината 17-годишна ќерка. Истиот ден во 15.50 и 16.10 часот во СВР Битола, И.Ј.(18) и В.А.(18), двајцата од Битола пријавиле дека во куќа во с.Нижеполе биле физички нападнати од К.С.(22) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

На 30.05.2021 во 03.15 часот СВР Битола, М.К. од Битола пријавил дека на 29.05.2021 околу 23.15 часот на ул.„Козјак“ тој и уште две лица биле физички нападнати од З.Р.(41) Д.Р.(29), двајцата од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.05.2021 во 02.30 часот во СВР Битола, Ф.С. од Битола пријавил дека околу 01.30 часот во двор од викендица во с.Нижеполе, додека бил со неговата девојка, бил физички нападнат од неколку лица, кои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.05.2021 околу 19.30 часот во СВР Скопје, Т.С.(40) од Скопје пријавил дека тој и неговиот син биле фиизчки нападнати со метален предмет од Н.А. и М.Л.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.05.2021 околу 21:20 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Џ.Ш.(31) и К.А.(23), двајцата од Прилеп, затоа што попречувале полициски службеници во вршење на службени дејства. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.05.2021 околу 21:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во станот во кој живеел на ул.„Лихнида“ бил пронајден починат А.Д.(55). Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

By Author