Обвинението содржи дури 29 точки, а во него се наведува дека поранешниот инспектор сексуално вознемирувал и нападнал 18 мажи на возраст над 20 години и еден помлад од 17 години.
Џерард Хачингс (64) од Хемпшир, Велика Британија, е обвинет за недолично однесување и сексуално вознемирување на мажи вработени во полициската станица.
Обвинението содржи дури 29 точки, а во него се наведува дека поранешниот инспектор сексуално вознемирувал и нападнал 18 мажи на возраст над 20 години и еден помлад од 17 години, пишува Дејли мејл.
– Вознемирувањето се случило меѓу 1999 и 2007 година во различни полициски станици низ Хемпшир каде Хачингс работел како инспектор – изјави портпаролот на полицијата.
Хачингс се пензионирал во 2007 година, а првиот извештај за наводниот прекршок беше поднесен во 2021 година, кога започнала истрагата.
Обвинетиот поранешен инспектор ќе се појави во Судот на Саутемптон на 5 декември.