ОВЕН
Работа: Овните може да очекуваат многу добар работен ден, особено ако се подготвени смело да се истакнат и да преземат иницијатива за нови деловни проекти. Само напред.
Љубов: Би било добро да оставите уште малку време за љубовните настани. Денеска може да ве очекува пријатно изненадување од саканата личност.
Здравје: Внимателно ракувајте со предметите со остри рабови.
БИК
Работа: Еден деловен циклус, не најдобар за повеќето Бикови, заврши, а треба да започне уште еден многу поповолен. Работете на подобра организација.
Љубов: Големите пресврти не се видливи на вашиот љубовен хоризонт. Засега е потребно уште малку трпение, а оваа сабота може да ве искушаат старите симпатии.
Здравје: Потребен ви е квалитетен сон.
БЛИЗНАЦИТЕ
Работа: Претстои солиден работен ден за родените во астролошкиот знак Близнаци. Пазете се од нереални деловни ветувања. Полека, чекор по чекор, се може да се постигне.
Љубов: На крилјата на позитивното расположение, можете да направите многу убави работи во љубовната сфера. Бидете активни, но не заборавајте дека не зависи се од вас.
Здравје: Обидете се да избегнувате нагли физички движења.
РАК
Работа: Вообичаениот и мирен прв ден од викендот и стандардните домашни обврски ќе му одземат најголем дел од времето на Ракот. Одвојте доволно време за некоја физичка активност, ќе уживате.
Љубов: На полето на љубовните врски, оваа сабота би можела да донесе неколку провокативни ситуации во кои би можеле да се тестираат вашата лојалност и посветеност кон саканата личност.
Здравје: Без значајни предупредувања, пишува Астропутник.
ЛАВ
Работа: Речиси цел работен ден, типичните Лавови треба да уживаат во брановите на новите деловни ветрови.
Љубов: Позитивен став и добро расположение ќе ве придружуваат во текот на овој ден и на љубовен план, па реално е да очекувате дека ќе го искористите и тоа преку ново интересно познанство во најавата. Уживајте.
Здравје: Многу добро.
ДЕВИЦА
Работа: На родените во знакот Девица им претстои еден нормален работен ден за без проблем да ги завршат започнатите обврски.
Љубов: Што се однесува до потенцијалните настани во љубовната сфера, повеќе фактори ви одат во прилог, особено ако планирате да организирате заеднички активности со саканата личност.
Здравје: Би уживале во физичка активност.
ВАГА
Работа: Еден од подобрите денови е пред Вагата. Добрата деловна комуникација ви дава многу добра основа за навремена реализација на сите задачи.
Љубов: Дајте го својот придонес, колку што можете, максимално дипломатски, за да се намалат недоразбирањата во комуникацијата со саканата личност во најмала можна мера.
Здравје: Избегнувајте нагли физички движења.
ШКОРПИЈА
Работа: Во текот на овој прв ден од викендот не е реално да очекувате големи деловни промени за повеќето Шкорпии, но секако е за размислување и правење планови на оваа тема. Еден пријателски совет би помогнал многу.
Љубов: Можеби вашите активности се просечни, но поволните љубовни ветришта од страна можат да ви донесат поинтересни нови познанства денес.
Здравје: Психофизички замор.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Претстои прилично релаксиран ден за Стрелците да уживаат и евентуално да му помогнат на некој од нивните драги пријатели. Дефинитивно ќе уживате во пријателското опкружување.
Љубов: Доколку имате желба и волја да посветите посебно внимание на саканата личност и да поминувате што повеќе време заедно, еве ја идеалната можност тоа да го остварите.
Здравје: Одлично.
ЈАРЕЦ
Работа: Направете ја потребната комуникација со колегите во однос на деловните договори, а остатокот од времето посветете го на многу потребниот одмор.
Љубов: Сомнежите и дилемите кои ве оптоваруваат можете да ги решите со директен и отворен пристап, а никогаш со крути и непопустливи ставови.
Здравје: Психофизички замор.
ВОДОЛИЈА
Работа: Овој ден е совршен за Водолиите да се посветат на деталите поврзани со развојот на нова идеја, која веќе некое време ви се врти во главата и конечно да почнат да ја спроведуваат.
Љубов: Бидете романтични и нежни и израдувајте ја саканата личност со некој убав знак на внимание.Тоа би можело да ви биде вратено надвор од очекувањата.
Здравје: Направете баланс помеѓу работата и одморот.
РИБА
Работа: Поголемиот дел од оваа сабота типичните претставници на Рибите ќе имаат многу работа, но и неколку ситуации во кои може да дојде до мали недоразбирања во комуникацијата со колегите.
Љубов: Препуштете се на чувствата, пуштете ја вашата фантазија и угодете си себе си и на вашата сакана личност со убав предлог.
Здравје: Би уживале во физичка активност на отворено.