Храброста е најважниот човечки квалитет затоа што ги гарантира сите други.

ОВЕН
Работа:
Овенот и овој петок би можел да биде многу зафатен со деловни активности, пред се кога станува збор за завршување на работата поврзана со формалности и документација.

Љубов: Овој ден не би требало значително да се разликува од претходниот на полето на љубовните врски. Важно е да ја одржувате комуникацијата со саканата личност на пристојно ниво.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

БИК
Работа:
Иако има навестувања за големи деловни потези овој петок, Биковите треба да пролонгираат сè до почетокот на следната недела, ако е можно.

Љубов: Овој ден носи и потенцијални фини познанства во најава, па еве можност да уживате во добра комуникација, флертување за почеток.

Здравје: Многу добро

БЛИЗНАЦИТЕ
Работа:
Близнаците и овој петок ќе бидат многу активни, особено на полето на комуникацијата, а кон крајот на денот може да испаднат некои дополнителни обврски. Нема потреба да се грижите, можеби ќе излезете од работа малку подоцна, но барем ќе завршите се.

Љубов: Некои скриени работи би можеле да дојдат до израз и да направат хаос во вашите односи.

Здравје: Спијте доволно, пишува Астропутник.

РАК
Работа:
Пред вас се промени, се отвораат нови можности и моментално сте на нагорна патека. Очекувајте нови деловни разговори.

Љубов: Што се однесува до потенцијалните случувања во љубовната сфера, и денешните резултати би можеле да бидат добри, но под услов да вложите малку повеќе труд.

Здравје: Лоша циркулација, повеќе движете се.

ЛАВ
Работа:
Комуникацијата и договорите со соработниците денес се многу нагласени, што ви дава добра основа да ја доведете оваа работна недела до успешен крај.

Љубов: Ако сте ја обновиле комуникацијата со личност од вашето љубовно минато, обидете се да не ги повторувате истите грешки.

Здравје: Можни повремени падови на енергијата.

ДЕВИЦА
Работа:
Одличен ден за Девиците е да ги завршат сите задачи што ги започнале, а исто така да донесат некои нови идеи и планови на дневен ред.

Љубов: Искористете го овој ден за да ја покажете својата наклонетост кон саканата личност и да се посветите на некои заеднички активности и планови. Можете исто така да излезете на убаво место.

Здравје: Одлично.

ВАГА
Работа:
Можно е денеска да добиете интересна деловна понуда од некој со кој претходно сте соработувале. Вреди да се размислува.

Љубов: Денеска не грижете се премногу за мислите, бидете поопуштени.

Здравје: Многу добро.

ШКОРПИЈА
Работа:
Малку порелаксиран пристап кон обврските и соработниците очекуваат Шкорпиите. Ова ќе стави крај на прилично напорната работна недела.

Љубов: Денот е многу поволен за излегување, дружење со пријателите и опуштање. Уживајте.

Здравје: Многу добро.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Во последниот работен ден од неделата, Стрелецот се соочува со неколку искушенија, од кои најважното е поврзано со непроверени информации.

Љубов: Нервозни сте, но се трудите тоа да не влијае на вашиот однос со емотивниот партнер.

Здравје: Многу добро.

ЈАРЕЦ
Работа:
Одржете го нивото на посветеност и одговорност и не треба да очекувате големи проблеми во спроведувањето овој петок. Можно е пократко службено патување.

Љубов: Имајте доволно доверба еден во друг и уживајте во меѓусебното разбирање и чувството на припадност.

Здравје: Внимавајте во сообраќајот.

ВОДОЛИЈА
Работа:
На водолиите им претстои ден, кој треба да го посветат на целосна ангажираност и посветеност на зацртаните деловни цели.

Љубов: Доколку планирате краток заеднички одмор, пред вас е викенд, идеално време е да го искористите и да уживате.

Здравје: Проверете го крвниот притисок.

РИБА
Работа:
За многумина од вас може да се отвори можност за извесно подобрување на работните услови или за реализација на многу солидна нова деловна соработка.

Љубов: Бидете малку поотворени и постапете според сопствената интуиција и чувство кога станува збор за нови интересни познанства. Ве очекува многу возбуда.

Здравје: Многу добро.

By Author