Овен
Работа: Ќе успеете да ги завршите сите деловни обврски, па дури и да започнете некои нови проекти, договори или соработки.
Љубов: Потенцијалното запознавање со нова атрактивна личност би можело да биде предизвик за Овенот, особено оние кои не ставиле крај на претходната љубовна приказна.
Здравје: Многу добро.
БИК
Работа: Денеска треба да се погрижите за заостанатите работи и документите за да избегнете посериозни грешки.
Љубов: Иако можеби и на љубовно поле би сакате многу повеќе, бидете подготвени да направите некои отстапки на саканата личност.
Здравје: Многу добро.
БЛИЗНАЦИТЕ
Работа: Овој четврток нема непремостливи пречки за повеќето Близнаци кога е работата во прашање. Време е да се стави крај на претходниот деловен циклус. Справете се со новите планови.
Љубов: Доколку има тајни кои ги криете еден од друг, тие треба да дојдат на дневен ред.
Здравје: Промени во расположението.
РАК
Работа: Имате добри услови за професионално напредување, барем што се однесува до вашата лична ефикасност. Некој конечно ќе види што правите и колку вредите.
Љубов: Би било пожелно да ги споделите вашите љубовни грижи со саканата личност, од која треба да го добиете потребното внимание и разбирање овој ден.
Здравје: Многу добро, пишува Астропутник.
ЛАВ
Работа: Доста време би можело да ви одземе и некоја споредна активност, хоби кое го запоставивте во претходниот период.
Љубов: Пред се поради изразениот шарм и комуникативност, денешниот ден ви носи големи шанси за убави нови познанства во љубовната сфера. Барем некој може да има индикации дека долгорочно ќе вреди трудот.
Здравје: Многу добро.
ДЕВИЦА
Работа: Реално е да очекувате уште еден многу динамичен и успешен ден на полето на речиси сите професионални активности. Завршете ги проектите што сте ги започнале порано и само продолжете со вашето незапирливо темпо.
Љубов: Поволните аспекти навестуваат возбудлив ден во сферата на љубовните врски за повеќето Девици. Бидете што е можно појасни и конкретни кога презентирате некои интересни предлози.
Здравје: Спијте доволно.
ВАГА
Работа: На Вагите им претстои потенцијално одличен работен ден за без проблеми да ги реализираат своите идеи во речиси сите сегменти на деловните активности. Енергијата и мотивацијата треба да бидат максимални.
Љубов: Размислете добро и разгледајте ги сите опции пред да донесете конечна одлука за која подоцна може да зажалите.
Здравје: Можни проблеми со синусите.
ШКОРПИЈА
Работа: Сè што е поврзано со финансиите не треба да го преземате сами без да се консултирате со доверлив соработник.
Љубов: Слободните Шкорпии можат да се најдат пред големи страсни предизвици кога станува збор за нови познанства. Можно е да ви го привлече вниманието личност која не е сингл или која е сосема различна по возраст од вас.
Здравје: Посветете се на физичка активност.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ниту овој ден нема да недостигаат можности за докажување. Совет е да не се откажувате од вашите цели.
Љубов: Поволен ден за дружење со роднините, кумовите, пријателите. Уживајте.
Здравје: Можни проблеми со синусите.
ЈАРЕЦ
Работа: Плановите за промени или нови деловни проекти треба да се при крај, со евентуален недостаток на некои други ситници. Не брзајте, времето е на ваша страна.
Љубов: Доколку сте слободни, љубовните можности ви се нудат преку деловниот сегмент.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
ВОДОЛИЈА
Работа: Направете прецизен и реален план, а потоа чекор по чекор. Нека биде малку побавно, но дефинитивно ќе биде побезбедно, т.е. со помал ризик од комплицирање на инаку поволната деловна позиција за себе.
Љубов: Може да очекувате одличен ден и во љубовната сфера. Дајте го својот максимален придонес за уживање и добро расположение.
Здравје: Можна главоболка.
РИБА
Работа: Доколку заземете соодветен став и направите рационален план за извршување на деловните задачи, се ќе постигнете без поголем товар.
Љубов: На полето на партнерските односи, за очекување е покрај пријатните моменти со саканата личност, да истражувате и неколку теми кои до сега другата страна ги одложуваше.
Здравје: Можна несоница.