Веќе една година, практично, сите сонуваат за патувања, дестинации од нашите соништа, прекрасни плажи и на оддалечени делови од светот кои покрај убавина нудат и апсолутна приватност и мир.

Затворени во нашите домови, а потоа во нашите држави, копнееме за поглед кон пејзаж. Сонувавме за денот кога ќе ги спакуваме куферите, ќе ги земеме пасошите во рака и ќе се нурнеме во непознати земји, во кои претходно не стапнавме. Внимателно го испланиравме секој момент од нашето патување, од комбинацијата облека што ќе ја носиме за патувањето, каде ќе застанеме да се одмориме и каде ќе ги поминеме нашите безгрижни денови. Доколку сте расположени за егзотична локација која ве остава без здив, ви ја предлагаме „Waldorf Astoria Ras Al Khaimah“, што сама по себе е идеална дестинација за незаборавен одмор.

Ова одморалиште, сместено во мирниот емират Рас Ал Хаима, ќе ве воодушеви со својата внимателна услуга, десет прекрасни ресторани и домови, како и сместувачки единици со фантастичен поглед на арапскиот брег. Само четириесет и пет минути возење од меѓународниот аеродром во Дубаи, овој хотел покрај плажата е опкружен со пустини, планини и море, што го прави совршен за сите видови патници.

Без разлика дали сакате да се сончате на плажа, да бидете истражувач што јава камили низ пустината или сакате како авантурист да уживате во планински искачувања и погледи од врв, овој хотел може да понуди буквално се.

Покрај тоа, мора да нагласиме дека хотелот ја доби ознаката Заштита од Биро Веритас за одржување на највисоки стандарди за здравје и хигиена.

Во собите, кои се слични на оние во палатите од приказните за 1001 ноќ, ќе можете да се опуштите и да се чувствувате како султана чија единствена задача и е уживањето.

Со над 350 метри приватна плажа, ќе имате можност да уживате во мир, има и два базени со контролирана температура на водата, од кои едниот е посветен само на возрасните, воедно за децата, тука е клубот на Бисер Кид и услугите за чување на деца.

На ова место исто така, ве очекуваат третмани за парови како и сауна со билки. А во непосредна близина има фантастичен терен за голф со 18 дупки.

Наградуваниот „Waldorf Astoria Ras Al Khaimah“ дефинитивно ќе ве воодушеви и ќе направи да сакате повторно да му се вратите.

By Admin