Прогноза за 17.09.2023
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. UV=6
Утринските минимални температури ќе се движат од 10 °C до 17 °C, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 24 °C до 32 °C.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.