Прогноза за 19.08.2023
Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=7
Минималните температури ќе се движат од 13 °C до 20 °C, додека максималните ќе бидат во распон од 25 °C до 38 °C.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголемува и во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.