„Барби“ на Грета Гервик треба да надмине милијарда долари на глобалниот бокс офис за само три недели во кината, соборувајќи го рекордот што претходно го држеше „Wonder Woman“ на Пети Џенкинс.
„Барби“, чиј режисер и ко-сценарист беше Гервиг, викендов заработи уште 53 милиони долари од 4.178 локации во Северна Америка, според проценките објавени од студиото денес, објави Ројтерс.
Филмот во продукција на Маргот Роби е на првото место веќе три недели, а Warner Bros соопшти дека ќе надмине 1 милијарда долари приход пред крајот на денот.
Во модерната историја, само 53 филмови заработиле повеќе од 1 милијарда долари.
Пред „Барби“ сè уште се три филма во корежија на жени, вклучувајќи ги „Frozen“ на Џенифер Ли (1,3 милијарди долари) и „Frozen 2“ (1,45 милијарди долари) и „Captain Marvel“ на Ана Боден (1,1 милијарди долари).