Прогноза за 26.06.2023

Сончево со мала до умерена облачност и со умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Попладне претежно во планинските подрачја во западните и источните делови од земјава ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена. UV=7

Минималните температури ќе се движат од 10 °C до 20 °C, додека максилалните ќе бидат во интервал од 23 °C до 33 °C.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. T= 30 °C, P= 978 hPa, U= 38 %, V= 7 m/s.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author