Прогноза за 25.06.2023
Променливо облачно, од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. UV=7
Минималните температури ќе се движат од 11 °C до 19 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 21 °C до 31 °C.
Во Скопје претпладне променливо облачно, а попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.