Во конфликт меѓу ривалските банди во женски затвор во близина на главниот град на Хондурас, загинаа 41 лице, соопшти локалната полиција
Според првиот биланс, 41 лице загинало во конфликтот што се случил во затворот лоциран на 25 километри северно од Тегусигалпа, изјави за Франс прес портпаролот на полицијата Едгардо Барахона.
Министерството за безбедност на Твитер објави дека го осудува вандализмот и дека е прогласена вонредна состојба.
Локалните медиуми објавија дека членови на женска група запалиле ќелија на ривалска банда. Во тој затвор има околу 900 жени.
Голем број припадници на полицијата и војската беа распоредени околу затворот, каде се собраа и роднините на затвореничките.