Четири лица загинаа денеска во пожар кој зафати продавница за електрични велосипеди и се прошири на становите на горните катови на таа зграда во Њујорк.

Две лица се во критична состојба и се префрлени во болница.

Според АП, пожарот бил предизвикан од експлозија на литиумска батерија на велосипед, во продавница која ги прекршила безбедносните правила во врска со складирањето и полнењето на батериите минатото лето.

„Во продавницата имаше многу голем број батерии и електронски велосипеди. Досега оваа година имаше повеќе од 100 пожари и 13 смртни случаи поврзани со експлозии на батерии во градот“, рече на прес-конференција шефицата на пожарникарската служба на Њујорк, Лаура Кавана.

Сопственикот на продавницата за велосипеди изјавил дека вчера пред да ја затвори продавницата ги извршил вообичаените проверки и негирал дека ги оставил литиумските батерии на полнење преку ноќ.

„Продавницата постои шест години. Проверувам секоја вечер пред да заминам. „Проверив синоќа, исклучив струја на се освен надзорниот монитор и автоматската врата“, рече тој.

By Author