Четворица ученици се повредени и пренесени во болница по инцидентот во центарот на шведскиот град Ескилстуна.
Полицијата го окарактеризира инцидентот како обид за убиство или убиство од небрежност, а била употребена и бомба, јавува шведскиот јавен сервис СТВ.
Шведската ТВ4 јавува дека се работи за тепачка меѓу две млади банди, а за време на конфликтот бил употребен и нож. Локалниот секретаријат за деца и образование соопшти дека го зголемиле бројот на вработени со цел да се обезбеди соодветна поддршка на вработените и учениците.
Според нивните информации, неколку ученици се повредени со нож, а уште неколку биле сведоци на инцидентот.
Претходно, некои медиуми објавија дека инцидентот се случил во училиштето, но директорот на училиштето демантираше, соопштувајќи дека се работи за учениците од тоа училиште кои биле на друго место, најверојатно во близина на спортскиот центар.