Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби изјави дека администрацијата на Џозеф Бајден јасно и приватно и јавно им ставила до знаење на Украинците дека не поддржува напади на руска територија.

„Ќе продолжиме да им го даваме она што им е потребно за да се одбранат и да ја бранат својата територија, украинската почва, но не поддржуваме напади во Русија“, рече Кирби во интервју за Си-Ен-Ен.

„Се согласуваме дека Украинците имаат право на самоодбрана. Во текот на последните 15 месеци се обврзавме да им помогнеме на Украинците да ја одбранат својата територија од оваа руска агресија. Она што го кажавме е дека не сакаме да поттикнуваме или да овозможиме напади внатре во Русија, бидејќи не сакаме да видиме понатамошна ескалација на војната“, продолжи тој, пренесува Index.hr.

Кирби одби да одговори на прашањето дали САД заклучиле дека Украина стои зад нападите со беспилотни летала на руска територија.

„Сè уште се обидуваме да добиеме информации и да откриеме што се случило… но не можам да ви кажам дека имаме дефинитивни информации во овој момент“, посочи тој. Украина негираше вмешаност во нападот.

By Author