Ердоган зборуваше по официјалното прогласување на победникот на изборите, во говорот пред приврзаниците собрани во Истанбул, им се заблагодари на сите граѓани кои излегоа на гласање и ја покажаа својата волја за подобра иднина за себе и за своите деца и уште еднаш им се заблагодари што повторно добива одговорност да управува со земјата во следните пет години
Реџеп Таип Ердоган победи во вториот круг од турските претседателски избори со 52,14 отсто од гласовите, ги објави официјалните резултати претседателот на Високата изборна комисија, Ахмет Јенер.
Вчера Јенер изјави дека по 99,43 отсто отворени гласачки кутии, ривалот на Ердоган, опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу освоил 47,86 отсто од гласовите, пренесе Ројтерс.
Јенер изјави дека Ердоган добил повеќе од два милиони гласови повеќе од Киличдароглу и дека непреброените гласови нема да го променат резултатот.