Министерството за полиција на Велика Британија во наредните денови ќе започне кампања со која ќе ги советува албанските граѓани да не мигрираат во Британија.

За таа цел е креирана реклама на албански јазик која ќе им се појави на албанските корисници на Фејсбук и Инстаграм, а во неа Албанците се предупредуваат дека во случај на обид за миграција во Обединетото Кралство ќе се соочат со притвор или депортација, објави Би-Би-Си.

Владата во Лондон најави дека кампањата ќе започне следната недела и дека ќе биде многу јасно што ги чека мигрантите кои ќе пристигнат со бродови.

Албанците најмногу аплицираат за азил во Британија и до март годинава 13.714 државјани на Албанија побарале да останат на островот.
Според британската полиција, Албанија е „безбедна и просперитетна земја“ а многу од нацијата патуваат низ бројни земји за да стигнат до Британија, а потоа кога ќе пристигнат поднесуваат барање за азил на лажни основи.

By Author