Прогноза за 29.05.2023
Променливо облачно, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Утринските минимални температури ќе се движат од 8°C до 15 °C, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 17 °C до 28 °C.
Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошкиот завод на Македонија.