Во меѓународната операција на Колумбија, САД и Панама, во Карипското Море се запленети околу 5,5 тони кокаин, што е најголемата пратка на дрога оваа година, соопшти денеска морнарицата.
Морнарицата не откри повеќе детали за операцијата и истрагата.
Заплената, како што се наведува, ги спречи организаторите на трговијата со дрога да заработат 184 милиони долари.
Властите на таа јужноамериканска земја минатата година заплениле 671 тон кокаин, соопшти колумбиското Министерство за одбрана.
Колумбија е најголемиот светски производител и извозник на кокаин, дел од таканаречениот „Андски триаголник“ кој ги опфаќа Колумбија, Перу и Боливија, земји во кои се наоѓаат повеќе од 90 отсто од плантажите на кока во светот, пренесува РИА.
Колумбискиот претседател Густаво Петро минатиот септември рече дека неговата влада ќе вложи максимални напори да ги убеди одгледувачите на кока да ја заменат со други профитабилни култури, бидејќи сегашната политика против дрогата не успеа и треба да се промени.