Во Данска повторно е извршен провокативен напад врз муслиманската света книга Куран и турското знаме, јавува Анадолија.

Член на групата „Patrioterne Gar Live“ (Патриоти во живо) во Данска, која, според Анадолија, е позната по своите исламофобични и ултранационалистички ставови, ги сквернави Куранот и турското знаме пред турската амбасада во Копенхаген.

Провокаторот, кој држеше антиисламски транспаренти и извикуваше слогани со навреда на исламот, го пренесуваше во живо провокативниот чин на Твитер.

На провокацијата реагираа турските гласачи кои дојдоа да гласаат во амбасадата на изборите за претседател на Турција и пратеници.

Еден од турските државјани се соочил со интервенција на данската полиција кога од земја го подигнал турското знаме и го предупредил провокаторот.

Сквернавењето на Куранот веќе се случи оваа година во Данска, Шведска и Холандија.

By Author