Правењето Снешко е за многу деца најрадосното искуство во текот на зимата, но внимавајте на вашето дете, бидејќи црвените образи, ледените прсти и насолзени очи лесно можат да се претворат во сериозен проблем.

Заштита на обравчињата и носето
Детската кожа, особено на лицето и рацете, е многу чувствителна на големи разлики во температурата. Обичната детска крема за нега на кожа содржи вода и може да биде штетна бидејќи водата испарува од кожата и ја намалува телесната температура. Обидете се, на пример, со беби крема за заштита на кожата од студ и ветер. Овој крем ја штити кожата на два начина – не содржи вода и сигурно ја штити кожата од ладење. Кремата ја покрива чувствителната кожа со невидлив заштитен слој кој дозволува да помине само свеж воздух. Збогатен е со пантенол и активната состојка на камилицата (бисаболол), кои ја штитат и смируваат кожата од сувост и иритација. Содржи УВ заштита и SPF 4.

Зошто снегот ги насолзува очите?

Не е „заслуга“ на снегот, туку студениот воздух и особено ветерот што го зголемува лачењето на солзите. Всушност, тоа е одбранбен механизам на окото од суровите зимски услови.

Затоа оваа појава не треба да ве загрижува, тоа е сосема природна реакција на очите.

Замижување?

Замижувањето на снегот обично значи дека сонцето е силно и му пречи на окото. Белата боја ги рефлектира сончевите зраци, па прекрасното планинско сонце може да биде многу непријатно за очите. Ова, се разбира, важи за сите, не само за децата. Ултравиолетовите зраци можат да бидат многу опасни за очите! Затоа е забрането сончање на планина без заштитни очила!

Како да ги избегнете овие непријатности?

Лесно. Ставете му на вашето дете очила за сонце со УВ заштита! Добрите очила за сонце мора да бидат задолжителен дел од зимската опрема и за децата и за возрасните. Исто како капата и ракавиците.

Доколку ветрот е силен, скијачките маски се вистинското решение.

Се разбира, со соодветен УВ филтер. Сепак, скијачките маски не се наменети исклучиво за снежните денови (иако тоа е нивната главна задача), тие се многу корисни и за време на сончеви, но ветровити денови на снег.

By Author