Принцезата од Велс обично се гледа во елегантни фустани и салонки, но денеска за посетата на колеџот во Дарби се одлучи за малку поинаков стил.
Облечена е во бела сако од твид во кое веќе можевме да ја видиме неколку пати, но сега го искомбинираше со бела маичка и тесни панталони во темна боја. Наместо салонки кои често ги носи, сега сходно на приликата облече патики и покажа дека елегантни парчиња облека можат да се носат и со патики.
Обетките додадоа блесок на целокупниот изглед, додека таа носеше многу малку шминка.
Кејт покрај тоа што заврши сериозна работа и разговараше со училишните челници, Кејт реши малку да се забавува.
Имено, како што пишуваат странските медиуми, Кејт покажала дека не е „од шеќер“, а својата борбена и силна страна ја открила со влечење неколку гуми кои не се лесни.
На нејзиното лице можеше да се забележи напор, но и насмевка која ретко ја нема.
Во случај да ви треба лежерен деловен изглед, комбинацијата со патики е одлично решение во овој случај.