Диетата со магичната супа, покрај тоа што помага во слабеењето, совршено го чисти организмот и од „токсините“.

Ја готвите супата првиот ден, а следните шест дена само ја загревате и ја комбинирате со храната што е точно одредена за секој ден од одржувањето на диетата. Се препорачува супа да јадете три пати на ден, кога чувствувате глад.

По третиот ден, ќе забележите дека слабеете. Немојте да се изненадите ако забележите дека изгубивте дури три килограми за толку кратко време.Состојки за супа: Шест главици кромид, една зелка,еден целер, две зелени пиперки, два до четири моркови, четири до пет домати, еден ипол литар вода,две супи од вреќичка или коцка за супа од пилешко или говедско месо, магдонос,сол една зелка

Ден 1 – само супа и овошје (не банани), незасладени чаеви и вода

Ден 2 – супа и зеленчук (варен, свеж, конзервиран), избегнувајте грав, грашок, пченка; одлично е да се комбинира со компири печени во лушпа, со малку сол и путер;

3 ден – супа и сите видови овошје и зеленчук;

Ден 4 – супа, обезмастено млеко, јогурт или кефир, банана (не повеќе од три);

5 ден – супа, два до три стекови од говедско месо и зеленчук (не компири);

Ден 6 – исто како и на петтиот ден;

By Author