Прогноза за 18.01.2023

Променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови. Снег ќе врне само на највисоките врвови. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 70 км/час).

Минималните температури ќе се движат од 3 °C до 9 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 6 °C до 16 °C.

Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author