Катерина Крстева која сите ја знаеја како Мара Попара е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија.
Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и на ТВ-екраните, ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Како актерка е вработена првин во Драмскиот театар за во 1964 година да премине во НУ Македонски народен театар, Скопје, каде што останува сè до пензионирањето.
Првата улога во МНТ ѝ е онаа во драмата „Дон Цезар од Базан“, премиерно прикажана во 1965, а заврши со „Крик“ (1991).
На телевизискиот екран и филмското платно има остварено главни и споредни улоги во многу серии и филмови.