Бананата е едно од најпопуларните овошја во светот кое е достапно во текот на целата година.Тие освен што се достапни, се и многу здрави. Покрај тоа што се богати со витамин Б6, тие се добар извор на витамин Ц, диетални влакна и манган.

Она што исто така ги прави многу здрави е фактот што тие се без маснотии и натриум.

Диететичарката Пеги Тан откри пет причини зошто треба да јадете банани, пишува „Healthxchange“

  1. Богати се со витамин Б6

Банана со средна големина може да обезбеди околу една четвртина од вашите дневни потреби за витамин Б6. Витаминот Б6 му помага на вашето тело да произведува црвени крвни зрнца, да ги отстрани несаканите хемикалии од црниот дроб и бубрезите и да одржува здрав нервен систем.

  1. Ќе го зголемите внесот на калиум

Бананите се познати по својот калиум, кој може да помогне во зајакнувањето на срцето. Повеќето луѓе не консумираат доволно калиум, што често може да има директно влијание врз контролата на крвниот притисок и другите компоненти на здравјето на срцето. Исхраната богата со калиум или секојдневно консумирање банани може да го намали ризикот од срцеви заболувања за 27 проценти. Затоа, време е да го додадете ова омилено овошје во вашата дневна рутина.

  1. Манганот во бананите е добар за кожата

Манганот му помага на телото да произведува колаген и ја штити вашата кожа и другите клетки од оштетување на слободните радикали.

  1. Ќе го зголемите нивото на енергија

Кога се јаде пред или после тренинг, бананите може да бидат корисни за зголемување на нивото на енергија и спречување на замор во текот на денот.

  1. Одлични се за варење

Растворливите и нерастворливите влакна играат важна улога во вашето здравје. Растворливите влакна му помагаат на вашето тело да го контролира нивото на шеќер во крвта и да се ослободи од масните материи како што е холестеролот. Нерастворливите влакна додаваат тежина и мекост на столицата, што ви го олеснува редовното празнење на дебелото црево. Ова помага да ги одржувате вашите црева здрави и безбедни од штетни бактерии. Бананите, особено новозрелите, содржат скроб кој не се вари во тенкото црево и може да помине во дебелото црево. Ваквите банани ви помагаат подобро да управувате со тежината бидејќи останувате сити подолго време.


By Author