Има многу мотивации кои ќе ви помогнат да го намалите или елиминирате шеќерот во вашата исхрана. Ќе дојде момент кога ќе си се заблагодарите за тоа.
Исклучувањето на шеќерот од исхраната е тежок предизвик – дури и за поединци со силна волја. Интересни се некои аспекти на научните истражувања кои открија дека шеќерот има способност да го „излаже“ нашиот мозок и постојано да му сугерира дека сакаме се повеќе слатки. Но, добрата вест е дека малку шеќер во текот на денот е во ред, но навистина малку. Американското здружение за срце, на пример, препорачува не повеќе од 6 лажички додаден шеќер дневно за жените. Во ред е да се консумира и шеќер од храната – овошје и зеленчук, бидејќи како што објаснуваат нутриционистите, овие природни шеќери се комбинирани со витамини, минерали, влакна и други хранливи материи за човечкото тело. Но, ако човек успее да консумира помалку шеќер дневно, јасно е дека тоа ќе создаде неверојатни здравствени придобивки.
Помалку шеќер – младешка кожа
Шеќерот во нашата исхрана автоматски влијае на количината на шеќер во нашиот крвоток – а студиите покажуваат дека високиот шеќер во крвта предизвикува молекуларен домино ефект наречен гликација. Како што велат експертите, тоа е само трендовски термин за процедура која може да го попречи обновувањето на колагенот во кожата, како и протеинот што ја прави кожата да изгледа полна. Исхраната полна со задоволства може да доведе и до намалена еластичност на кожата и предвремени брчки. За среќа, истражувањата покажуваат дека намалувањето на шеќерот може да помогне да се намали опуштеноста и другите видливи знаци на стареење на кожата.
Постојана, но нездрава енергија
Додадените шеќери се едноставни јаглехидрати. Тоа значи дека тие брзо се варат и брзо влегуваат во крвотокот. Нутриционистите веруваат дека ова е вистинска катастрофа за човечкото тело имајќи предвид дека нашиот метаболизам ќе го претвори целиот додаден шеќер во енергија. А таа енергија може лажно да не држи цел ден, како енергетски тобоган. Затоа што има додаден шеќер на секој чекор, од пецива до прелив за салата. Кога наместо тоа јадеме храна богата со протеини и здрави масти, како грст бадеми, тие ќе ни обезбедат постабилен проток на енергија.
Спречете ги ризичните масни наслаги на стомакот
Сите добро знаеме дека секојдневната навика за консумирање шеќер може да резултира со вишок килограми, особено во пределот на стомакот. Но, она што многумина можеби не го сфаќаат се потенцијалните ризици поврзани со салото на стомакот. Храната богата со шеќер го зголемува нивото на шеќер во крвта, што го активира инсулинот низ нашето тело, а овој процес со текот на времето го поттикнува таложењето на масни наслаги на стомакот. Познати како висцерална маст, овие масни клетки длабоко во стомакот се најзагрозените видови бидејќи генерираат адипокини и масни хормони – хемиски предизвикувачи на проблеми кои патуваат до нашите органи и крвни садови и доведуваат до воспаление што може да предизвика состојби како што е болести на срцето и рак. Затоа, со намалување на внесот на шеќер во организмот се намалува можноста за создавање сало на стомакот и ризиците кои тој ги носи со себе.
Изгубете ги вишокот килограми, без „борба“
Ендокринолозите потсетуваат дека зголеменото ниво на инсулин и прекумерното складирање на калории не само што додаваат вишок наслаги на стомакот, туку и низ телото. Замената на рафинираните јаглехидрати и слатката храна со здрави масти помага да се одржи нашиот инсулин стабилен, така што помалку калории се складираат како маснотии. Како резултат на тоа, како што објаснуваат ендокринолозите, чувството на глад се намалува, метаболизмот се забрзува и тежината се губи со помала борба.
Намалете го ризикот од дијабетес
Бидејќи помалку слатки помагаат да се спречи зголемување на телесната тежина, ќе бидеме позаштитени и од дијабетес тип 2. Но, јадењето помалку шеќер, исто така, го намалува ризикот од болеста на друг начин. Диетата богата со јаглехидрати кои брзо се варат, како што е шеќерот, бара од панкреасот да ослободува многу инсулин, оброк по оброк, ден по ден, објаснуваат ендокринолозите. Таа прекумерна побарувачка може да ги преоптоварува клетките што произведуваат инсулин, предизвикувајќи нивно „распаѓање“, што на крајот ќе доведе до дијабетес.
Слатките не му годат на срцето
Доброто здравје на срцето ни помага, односно ни дава сила полесно да ги поминеме сите напорни активности и предизвици. Но, колачињата и карамел-кафето не се добри за нашето срце. Истражувањата покажуваат дека додадениот шеќер всушност може да влијае на кардиоваскуларниот систем. Студијата од 2014 година покажа дека луѓето кои консумираат 17 до 21 отсто од дневните калории од слатки имаат 38 отсто поголем ризик да умрат од срцеви заболувања. Заклучокот е едноставен – намалете го шеќерот сега, подоцна ќе ви се исплати.