Брзата храна, недостатокот на сон, големото количество слатки и избегнувањето физичка активност во младоста не ѓи чувствуваме премногу, но кога ќе ја „почнеме“ шестата деценија од живот, тие си го прават своето.

Начинот на кој старееме го одредува квалитетот на животот, а на него влијае и нашето однесување, односно навиките кои сме ги стекнале во текот на животот.

Д-р Џејмс Дан, кој работи во дом за стари и тешко болни, а главно се грижи за лицата со деменција, Алцхајмерова и Паркинсонова болест, ги сподели советите што треба да ги следат сите постари од 50 години, како процесот на стареење би поминал со што помалку проблеми.

  1. Редовно вежбајте
    По 50-годишна возраст, мускулно-скелетниот систем не е толку флексибилен како што беше во младоста. Стануваме посклони кон падови и повреди, а сетилата за слух и вид, како и рамнотежата, со текот на времето стануваат послаби.

Д-р Дан препорачува вежби кои го зајакнуваат аеробниот капацитет и мускулно-скелетниот систем. Аеробните вежби што ги препорачува вклучуваат пешачење, пливање и возење велосипед, бидејќи помагаат да се подобри кондицијата, силата и издржливоста.

  1. Одете на превентивни прегледи
    Рутинските прегледи се задолжителни за постарите, бидејќи помагаат да се откријат болестите во најрана фаза.

Добар пример за рутински преглед е колоноскопијата, која е клучна за превенција од рак на дебелото црево. Истото правило важи и за мамографијата, која е златен стандард за рано откривање на промените на градите.

  1. Исклучете ги нездравите навики
    Во младоста не ни пречеше многу – ниту таканаречената брза храна, ниту редовните оброци, ниту слатки и газирани пијалоци, ниту недостатокот на сон, ниту недостатокот на физичка активност. Како што минуваат годините, сето горенаведено почнува да му пречи на телото. Обидете се да ја засновате вашата исхрана на овошје, зеленчук, сурови семиња, леб и колачи од цели зрна и здрави масти како маслиново или кокосово масло. И, се разбира, спијте најмалку осум часа непрекинато и вежбајте редовно.
  2. Активирајте го мозокот
    Танцот, загатките, крстозборите, читање и шахот го активираат мозокот, ја подобруваат концентрацијата и вештините за критичко размислување. Д-р Дан потсетува дека сите горенаведени активности за подобра функција на мозокот се лесно достапни и треба да се спроведуваат секојдневно.

By Author