Прогноза за 17.09.2022
Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. На места врнежите ќе бидат пообилни (се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог). УВ=4
Минималните температури ќе се движат од 12 °C до 18 °C, додека максималните ќе бидат во распон од 17 °C до 31 °C.
Во Скопје променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.