Прогноза за 14.08.2022
Променливо облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. На места ќе наврне поголема количина на воден талог. УВ=6
Минималните температури ќе се движат од 10 °C до 19 °C, додека максималните температури ќе бидат во интервал од 18 °C до 28 °C.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.