Во ХРВАТСКА тешка сообраќајна несреќа се случила во саботата наутро околу 5 часот и 40 минути на автопатот А4 во правец кон Загреб меѓу Јарек Бишашки и Подворец.
Излета од патот автобус со полски регистарски таблички.
Најмалку 11 лица загинаа, пишува Јутарњи лист, а многу луѓе се повредени.
Полициски и противпожарни екипи се на терен.
Сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
Објавени се и првите видеа од местото на несреќата.