„Растурачката на семејства“ како што одредени фанови ја нарекуваат по шпекулациите за нејзината наводна афера со Родригез, се оправда дека има дечко. Сепак фановите се убедени дека наводно поранешното момче на Џенифе Лопез ја продолжил врската со триесет годишната Медисон ЛеКрој.
ЛеКрој неодамна се пофали дека има дечко, а на својата последна објава напиша „Да си бидеме подршка еден на друг и да остариме заедно“, додека на сликата се гледаат две чаши со коктел. Оваа објава ја заинтригира јавноста, која почна во коментари да го спомнува Родригез, па така еден од следбениците напишал „Ги раздвои Џејло и Алекс и си го зема за себе“, друг пак коментирал „Алекс доаѓа по тебе, пакувај торбите и биди спремна“, а ЛеКрој веднаш му одговорила „Имам дечко“.
Без оглед на тоа што Лакрој се јави со изговорот дека има дечко, сепак следбениците и фановите на славниот пар не и веруваат. Фотографијата е објавена неколку дена откако излезе информацијата дека Родригез и Лопез ја откажале веридбата и раскинале.
Инаку, гласините за наводната афера на Родригез и ЛаКрој почнале да кружат неколку недели пред раскинувањето на популарниот пар. Кога таа во една прилика учествувајќи во ријалити шоу наречено “Southern Charm”, открила дека си разменувале пораки со Родригез.