Имено, секој што сака да напредува на поле кариера мора да ги земат во предвид овие неколку работи, пред да го направи следниот чекор.

Потребна е мотивација

Кога размислувате за промена на работното место, прво запрашајте се колку ви е важно и колкаво влијание сакате да постигнете на вашата нова деловна позиција.

Мотивацијата за работа е исклучително важна во работата, односно мотивацијата која е присутна поради одредена цел. Ако не постои потребна мотивација, тогаш е време да ја смените вашата позиција, работа, компанија и да работите на нешто што е важно за вас.

Нови искуства

Следното прашање во серијата е: дали сте на вистинското место во вистинско време? Што точно добивате од промената на позицијата? Треба да работите на место што ќе ви обезбеди дополнително знаење и искуство за работите што сакате да ги направите и што треба да ги научите, вклучувајќи ги и вештините што ви се потребни за развој.

Одличен однос со претпоставените

Имено, шеф мора да биде некој што е добар тренер, ментор и поддршка. Ако ситуацијата е спротивна, време е за промена. Ако сакате да се ослободите од лошиот шеф, пронајдете нов. Лоши претпоставени се оние кои не се заинтересирани за тимот и кои не преземаат одговорност кога работите одат надолу. Водењето тим не е лесно, тоа е прашање на голема одговорност, упорност и напор.

By Admin