Прогноза за 30.07.2022
Сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер. Доцна попладне и во вечерните часови во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и електрични празнења. УВ=9
Минималната температура ќе се движи од 13 °C до 22 °C, додека максималните ќе бидат во распон од 29 °C до 38 °C.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.