Познатиот пар е во врска извесно време, а Немања првпат објави заедничка слика на Инстаграм

Анастасија и Немања веќе извесно време се во врска. Тие се обидуваат максимално да го искористат времето што го поминуваат заедно. Заедно одмараа на Ибица, каде што, судејќи по социјалните мрежи, поминаа незаборавно.

Ќерката на згодната Цеси деновиве промовира нова песна, додека нејзиното момче, колку што можеме да видиме на Инстаграм, го обиколува светот со својата „Севиља“. Дека има два подеднакво важни приоритети во животот – љубовта и работата, покажа со првата заедничка фотографија со Анастасија која ја објави на социјалните мрежи. Му требаа неколку месеци за да го направи тоа, но – го разбираме.

На сликата друштво им прави братот на Немања. Под сликата се најдоа бројни позитивни коментари, а меѓу нив е и коментарот на Цеца која напиша: „Моите тројца најубави мускетари!“.

Стиловите што ги избраа тројцата се многу лежерни. Беа во тренерки и патики, а на улица не би ги препознале доколку поминете покрај нив.

By Author