Разводот кој ја шокираше Италија.

Легендарниот италијански фудбалер Франческо Тоти и неговата сопруга ТВ водителката Илари Бласи се разделија по 17 години брак поради гласини дека има афера.

Тоти и Бласи се вљубени од 2002 година и имаат три деца.

Италијанските медиуми пренесуваат дека легендарниот фудбалер ја изневерил водителката со Ноеми Бочи, 34-годишна цвеќарка, девојка која е голем фан на ромскиот клуб.

Се шушка и дека Бласи имала афера со неименуван италијански бизнисмен, кој го запознала додека била водителка на „Големиот брат“.

Наводната љубовница на Тоти, Ноеми Бочи, исто така се раздели од нејзиниот партнер Марио Каучи, сопственик на римскиот клуб Тиволи, со кој има две деца.

Бласи синоќа објави изјава во која го потврди разводот.

„После 20 години заедно и три прекрасни деца, мојот брак со Франческа заврши. Сепак, процесот на разделба ќе остане приватна работа и нема да давам дополнителни изјави. Ги повикувам сите да не шират шпекулации и пред се да ја почитуваат приватноста на моето семејство“.

https://www.instagram.com/p/CFpSRsqFIA1/?utm_source=ig_embed&ig_rid=3dec95ab-8df1-4627-935b-11276b07697a

Тоти исто така зборуваше и за развод.

„Се обидов да ја надминам кризата на мојот брак, но денес разбирам дека разводот, иако болен, е неизбежен. Сè што кажав и направив во последните месеци е кажано и направено за да ги заштитам нашите деца, кои секогаш ќе ми бидат на прво место во животот. Ќе продолжам да бидам блиску до Илари во воспитувањето на нашите три прекрасни деца, секогаш почитувајќи ја мојата сопруга. Верувам во најголема почит за нашата приватност, особено за мирот на нашите деца“, изјави тој за Анса.

Тоти и Бласи се венчаа во Рим во 2005 година, а венчавката беше емитувана на телевизија во Италија.

Тие имаат син Кристијан, роден подоцна истата година и две ќерки Шанел (15) и Изабел (6).

By Author