Состојки (за две кафиња):
6 dl полномасно млеко
6 лажици кафе
4 топки сладолед од ванила + 2 топки за декорација
2 лажички шеќер (по избор)
чоколаден сируп и рендано чоколадо по желба
шлаг пена или слатка павлака
– Измешајте изладено млеко, мелено кафе, 4 топки сладолед и 1-2 лажички шеќер. Матете додека не добиете убава кремаста смеса.
– Истурете ја смесата во чаши. Одозгора ставете топка сладолед и по желба декорирајте со рендано чоколадо или чоколаден прелив.
Совет со овој рецепт
При истурање на смесата од кафе и сладолед во чашите, можете наизменично да ја преливате со изматена слатка павлака или шлаг. Вашиот пијалок ќе изгледа повесело, но и малку послатко.