Пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ се разведуваат по 14 години брак.
Карлеуша на Инстаграм даде официјална изјава која ја пренесуваме во целост.
„Јас и Душко се договоривме да го прекинеме нашиот брак со заедничка согласност по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период. Во врска со овој тежок период за нашето семејство и децата, нема да барам разбирање од медиумите бидејќи е залудно. Не очекувам човечност или разбирање од јавноста, само фаќање и миење уста со нашите животи, на што сум навикната… па ајде“, напиша Карлеуша.
„Сè преживеав, па ќе го преживеам и ова. Животот продолжува. За да се спречат неточни натписи, целиот брачен имот се пренесува на нашите деца, старателството над нашите деца ми припаѓа мене. Секоја писмена лага ќе резултира со тужба како порано.Нема да се рекламирам повеќе.на овој начин“, додаде таа.
Јелена и Душко во бракот имаа две деца – ќерката Атина и Ника.