Пожарот во петокот вечерта го зафати непристапниот шумски регион на Света Гора во Грција, но не се загрозени манастирите и другите објекти.
Како што изјави политичкиот заменик командант на пожарникарите на Света Гора, Аристос Касмироглу, копнените противпожарни сили дејствуваат со голема тешкотија, бидејќи огнените фронтови се наоѓаат во многу непристапна шумска област.
Сепак, оптимистички додаде дека пожарот наскоро ќе биде ставен под контрола, бидејќи, како што појасни, во гаснењето на пожарот се вклучени голем број пожарникари и авиони, јавува Fire Fighting Greece.
Во голема акција за гаснење на пожарот учествуваат 110 пожарникари со 35 возила, додека од раните утрински часови шест противпожарни авиони и два хеликоптери континуирано испуштаат вода.
Во пожарот е повреден 40-годишен маж кој во бесознание е пренесен на улицата „Харавгис“ во Ираклион, Атика. Според Противпожарната служба, мажот во тој момент најверојатно работел на палма бидејќи бил пронајден врзан за дрвото со сигурносни појаси.
Мажот бил пренесен во блиската болница.