Денеска е 122 ден од војната во Украина.

Украинa: Ракети истрелани од Белорусија кон регионот Чернихив
Украинската армија тврди дека ракетите кои го погодиле регионот Чернихив биле истрелани од правец на Белорусија, пренесува АФП.

Украина: Удари во регионите Лавов, Житомир и Чернихив
Руските сили денеска извршија ракетни напади врз регионите Лавов, Житомир и Чернихив во Украина, јавуваат украинските медиуми.

Руските војници истрелаа шест ракети врз воен објект во Јаворив во областа Лавов, а во нападот се повредени четири лица.

Според украинската страна, ракетниот напад бил извршен од Црното Море и биле лансирани шест проектили, од кои два биле соборени.

Столтенберг: Ситуацијата во Украина ќе се реши со преговори
Ситуацијата во Украина најверојатно ќе се реши со преговори, оцени шефот на НАТО Јенс Столтенберг.

– Таа војна најверојатно ќе заврши на преговарачка маса. Ние сме одговорни да обезбедиме најсилна можна позиција за Украина и да и помогнеме да остане суверена и независна европска нација. Најдобар начин да се направи тоа е да се обезбеди силна воена и економска поддршка и да се продолжи со остри санкции против Русија – изјави Столтенберг во интервју за шпанските медиуми.

Украина ја реконфигурира одбраната во Северодонецк
Украина ја реконфигурира својата одбрана во секторот Северодонецк-Лисичанск, додека руските оклопни единици продолжуваат да напредуваат на јужниот раб на населената област, според Министерството за одбрана на Обединетото Кралство, во редовното утринско ажурирање на конфликтот.

Исто така, претставник на Пентагон тврди дека ова повлекување на Украинците ќе ги зајакне одбранбените позиции и дека дополнително ќе го исцрпи рускиот персонал и опрема. Тој додаде дека напредувањето на Русија кон Северодонецк веќе покажува знаци на „трошење“, што само дополнително ќе ги забави офанзивните операции на Русија во Донбас.

Украинските трупи го гранатираа Кременец во ДНР
Украинските војници го гранатираа селото Кремењец во Доњецката Народна Република, истрелаа пет гранати од 122 милиметри, соопшти канцеларијата на ДНР во Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот.
– По 03.00 часот е забележано гранатирање од ВФУ (вооружени формации на Украина) во следните насоки: 05.00 часот – населба Победа – населба Кременец: испукани се 5 гранати од калибар 122 мм – се наведува на Телеграм каналот на претставништвото.

„Алигатори“ во акција
Министерството за одбрана на Русија објави снимка од борбените дејствија на разузнавачките јуришни хеликоптери Ка-52 „Алигатор“, кои ги уништуваат упориштата и оклопните возила на Вооружените сили на Украина во рамките на специјална воена операција.

By Author