Некои шпански медиуми пренесоа нова информација за оваа популарна двојка, која крена уште поголема прашина
Пред неколку дена во сите медиуми одекна веста дека колумбиската пејачка Шакира и нејзиниот долгогодишен избраник, фудбалерот Пике, се разделуваат по 11 години заеднички живот. Во весниците можеше да се прочита дека главната причина за нивното раскинување е измамата на Пике.
Следеа многу написи за аферите на фудбалерот, но озборувањата и шпекулациите не застанаа тука. Шпанските медиуми сега објавија вест која шокираше многумина. Имено, еден новинар тврди дека двајцата имале „отворена врска“, така што наводната измама на Пике не била причина за разделбата.
Истиот новинар додал дека Шакира сама ја донела одлуката за развод и така покрај јавноста го изненадила и партнерот со кој поминала 11 години и добиле две деца, синовите Милан и Саша.
– Некој многу, многу близок со Пике ме увери дека немало неверство од негова страна. Тој беше многу изненаден од раскинувањето и изјавата што ја испрати Шакира. Таа заедничка објава на социјалните мрежи не беше заедничка, туку нејзина. На крајот на краиштата, суштината е дека нивниот договор бил „ти правиш што сакаш, а јас ќе правам што сакам јас“, само за да се претстават на јавноста како пар. Затоа се што се случи подоцна е многу сомнително, изјави шпанскиот новинар Хозе Антонио Авилес во емисијата „Вива ла Вида“.
Според „Вечерње новости“, сенка на целиот случај фрлаат и приказните за големиот долг на пејачката кон државата, па сега раскинувањето со Пике и преселбата од Каталонија би биле добредојдени.
Имено, шпанските обвинители тврдат дека поп ѕвездата затаила данок од 14,5 милиони евра. Шакира наводно не платила данок на доход во периодот од 2012 до 2014 година. Во обвинението се наведува дека поп иконата прикрила приходи преку 14 различни компании во т.н. даночен рај, а обвинителите го поднесоа обвинението во декември пред две години во време кога таа всушност живееше во Каталонија.
Сепак, нејзиниот претставник за медиуми скокна во заштита на Колумбијката, велејќи дека пејачката не живеела во Шпанија до 2015 година, но и дека ги подмирила и сите даночни обврски. Тој додаде дека Шакира во спорниот период поминала подолг период во странство поради концертите одржани во странство, па во Каталонија останала само 186 дена.
Шпанскиот закон секако предвидува дека поединецот кој поминал повеќе од половина година во Шпанија е должен да плаќа данок, па обвинителите продолжуваат да ги истражуваат нејзините движења и приходи. Под истрага е и Пике и покрај тоа што некое време не се под ист покрив.