Што точно е овој вирус и колку е опасен? Мајмунските сипаници се регистрирани во 11 земји во светот.
Мајмунските сипаници започнуваат со осип на лицето кој се шири низ телото
Околу 80 случаи на мајмунска сипаница се потврдени во 12 земји, објави Светската здравствена организација на крајот на мај 2022 година.
Таа предупреди дека најверојатно ќе бидат пријавени уште случаи.
Која е оваа ретка и не многу позната болест?
Колку се чести мајмунските сипаници?
Сипаниците се предизвикани од вирусот на мајмунски сипаници, член на истата фамилија на вируси како малите сипаници, иако тие се многу помалку сериозни.
Експертите велат дека шансите да се заразат со нив се многу мали.
Тие се јавуваат главно во оддалечените делови на Централна и Западна Африка, во близина на тропските дождовни шуми.
Постојат два главни соеви на вирусот – западноафрикански и централноафрикански.
Двајца заразени пациенти во Велика Британија пристигнале од Нигерија, па многу е веројатно дека се заболени од западноафриканскиот вид на вирусот, кој обично е благ, но сè уште не е потврден.
Третиот случај бил здравствен работник кој се заразил со вирусот од еден од пациентите.
Четирите најнови случаи – три во Лондон и еден во северозападниот дел на Англија – немаат познати врски или историја на патување.
Се чини дека тие се заразиле со вирусот во ОК.
Од Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство велат дека секој што се сомнева дека е заразен треба да посети лекар, но прво да се јави во здравствениот дом или клиниката за да закаже преглед.
Вирусот е регистриран и во Шведска, Португалија, Шпанија, САД и Канада.
Кои се симптомите?
Почетните симптоми се: треска, главоболка, оток, болки во грбот, болки во мускулите и општа малаксаност.
Кога температурата ќе ви падне, може да избие осип, најчесто прво на лицето, а потоа да се прошири на другите делови од телото, најчесто на дланките и на стапалата.
Осипот, кој може екстремн да чеша, се менува и поминува низ различни фази пред конечно да формира краста, која подоцна паѓа.
Лезиите можат да остават лузни.
Инфекцијата обично поминува сама по себе и трае помеѓу 14 и 21 ден.
Како ги добивате?
Мајмунските сипаници може да се пренесе кога некој ќе дојде во близок контакт со заразено лице.
Вирусот може да влезе во телото преку пукнатини на кожата, респираторниот тракт или очите, носот или устата.
Претходно не беше опишано како сексуално пренослива болест, но може да се пренесе преку директен контакт за време на сексот.
Може да се пренесе преку контакт со заразени животни како мајмуни, стаорци и верверички или преку предмети контаминирани со вирусот, како постелнина и облека.
Колку се опасни?
Повеќето случаи на вирусот се благи, донекаде слични на сипаници и исчезнуваат сами по себе во рок од неколку недели.
Сепак, мајмунските сипаници понекогаш може да бидат посериозни, а постојат и наводи дека предизвикале смрт во Западна Африка.
Како изгледа третманот?
Не постои специфичен третман за мајмунска сипаница, но епидемијата може да се запре со спречување на инфекција.
Вакцината против сипаници се покажала како 85 отсто ефикасна во спречувањето на мајмунските сипаници и сè уште понекогаш се користи за таа цел.
Дали треба да бидеме загрижени?
Експертите тврдат дека не сме на работ на национална епидемија, а според јавното здравство на Англија, ризикот за јавноста е мал, и погрешно е да се верува дека сме на работ на национална епидемија.
Извор: Јавно здравство на Англија и Светска здравствена организација.